Додека полициските службеници од Полициската станица Кавадарци вчера вршеле служба на улицата „Тиквешко востание“ во Кавадарци, Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска соопшти дека лицето било приведено во Полициската станица.

По документирање на случајот, против него ке биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 15:55