Две лица се убиени, 12 се повредени во престрелка која се случи за време на локална забава во Шарлот, најголемиот град во Северна Каролина. На забавата присуствувале околу 100 луѓе, кои по истрелите излегле во паника на патот Битис Форд, каде петмина се повредени откако возила наишле на нив.

Полицијата соопшти дека пронашле една жена на патот со прострелна рана, која била прогласена за мртва на самото место. Уште едно лице починало по приемот во болница.

Локалната полиција, исто така, соопшти дека е утврдено дека станува збор за неколкумина учесници во пукањето. На местото на инцидентот пристигнале околу 20 полициски возила.

Полицијата отвори истрага, а досега никој не е уапсен во врска со инцидентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 16:11