По цели три месеца Саудијците денеска за првпат излегоа од своите домови за да го прослават крајот на полицискиот час, што беше воведен поради епидемијата на коронавирусот, јавија британските медиуми.
Саудиска Арабија строгите карантински мерки ги воведе во март, а тие вклучува 24-часовен полициски час во повеќе градови, при што на граѓаните им беше дозволено да излезат од дома само до продавница по храна или од медицински причини.
Во земјата во овој период има регистрирани повеќе од 157.000 случаи на заразени и 1.267 смртна случаи од Ковид 19, а постепеното олеснување на ограничувањата, пред се, поврзани со движењето и деловните активности, почна во мај.
Полицискиот час целосно беше укинат вчера.
Границите се уште се затворени за меѓународни патувања, а останува во сила и забраната за аџилак.