Недостатокот на глобално лидерство и единство во борбата против коронавирусот претставува поголема закана од самата пандемија, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус.

-На светот очајно му треба национално единство и глобална солидарност. Политизацијата на пандемијата ја влоши ситуацијата, изјави директорот на СЗО на виртуелниот здравствен форум организиран од Самитот на светските влади, организиран од Дубаи, а пренесен од британските медиуми.

Тедрос истакна дека најголемата закана со која се соочуваме сега не е самиот коронавирус, туку недостатокот на глобална солидарност и глобално лидерство.

Според него, некои делови од меѓународните здравствени регулативи треба да се зајакнат за да бидат поприменливи. Тој не прецизираше кои се тие делови, но кажа дека треба да бидат координирани, предвидливи, транспарентни, широко распространети и флексибилно финансирани за да бидат во целост спроведливи.

Директорот на СЗО, исто така, кажа дека сите земји универзалната здравствена заштита мора да ја направат свој приоритет.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 17:04