Во изминатото деноноќие на територија на СВР Велес казнети се вкупно 78 лица за неносење заштитна маска. Од нив, 45 се од Велес, 13 од Кавадарци и 20 од Неготино.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека во периодот меѓу 21 и 22 овој месец има осум новорегистрирани лица со решениe за изолација и тоа еден во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација се шест нови лица и тоа пет од Кавадарци и едно од Неготино.

Вкупно со решение во изолација се 133 лица, од кои 80 во Велес, 25 во Кавадарци и 28 во Неготино. Со изјава за самоизолација се 71 лица од нив 13 се во Велес, 46 во Кавадарци и 12 во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лицата во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки, изјави Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 17:07