Економскиот советник во Белата куќа, Лери Кадлоу, денеска изјави дека САД не се загрозени од втор бран на пандемијата на коронавирусот, иако пастојат некои нови жаришта во сојузните држави, како Флорида, на пример.

Британските медиуми, пренесувајќи го Кадлоу, додаваат дека е малку веројатно дека ќе има затворања низ целата земја.

-Има неколку жаришта. Ние работиме на тоа. Знаеме како да се справиме со ова, минавме долг пат од минатата зима, рече Кадлоу за Си-Ен-Би-Си.

САД се земја која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот во светот, со повеќе од 2,3 милиони заразени и 122.259 мртви, се наведува на сајтот „Worldometers“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 00:43