Пет лица, меѓу кои и двајца обвинители, загинаа во Авганистан во напад врз службениот автомобил на авганистанскиот државен обвинител.

Портпаролот на полицијата во Кабул, Фердавс Фарамарц потврди дека во нападот, покрај обвинителите, се убиени и возачот и уште две лица вработени во обвинителството.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но постои сомневање дека напаѓачот е од авганистанската фракција на Исламска држава.

Државното обвинителство соопшти дека нападот се случил додека возилото било на пат кон канцеларијата.

Полицијата соопшти дека напаѓачите избегале од местото на настанот и дека истрагата е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 00:46