Туристите кои ќе резервираат четири ноќевања во некој од 53 хотели во сицилијанскиот град Палермо и околината, и коишто пристигнат во главниот град на Сицилија со авион, ќе платат три ноќевања, а четвртото ќе им биде бесплатно. Ова, со цел – да се потикне туризмот по блокадата поради пандемијата со новиот коронавирус.

Иницијативата е на околното Здружение на хотелиерите, а во соработка со управата на аеродромот во Палермо. Понудата ќе трае во текот на цела 2020 година, јавуваат сицилијанските медиуми.

Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на интернет-страницата на аеродромот.

На 3 јуни, по скоро три месеци блокада, Италија ги отвори своите граници за влез од други земји членки на Европската Унија и од Шенген зоната. Од друга страна пак, ЕУ може да ги отвори своите граници кон земјите од Западен Балкан на почетокот на јули, по препорака на Европската комисија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 13:06