Премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лонг денеска најави одржување општи избори следниот месец, имајќи ја предвид добрата безбедносна ситуација со коронавирусот.

Медиумите објавија дека најверојатен датум за изборите е 10 јули. Премиерот најави дека точниот датум ќе го соопшти на 1 јули и минимум кампања од девет дена. Денот на гласањето ќе биде неработен.

– Одлучив да одржам општи избори сега, рече Ли во обраќањето до нацијата.

– Сè уште сме среде пандемија на коронавирус, така што нема да биде нормална предизборна кампања, рече тој, додавајќи дека е задоволен што изборите би можеле да се одржат безбедно и партиите ќе можат ефективно да водат кампања.

Законскиот рок за распишување избори е април 2021 година, но и претходно се шпекулираше дека Ли ќе распише предвремени избори. Претседателот на Сингапур, по совет на премиерот, го распушти парламентот во вторникот.

Партијата за народна акција на Ли победи на сите избори во независен Сингапур и никогаш не освоила помалку од 60 проценти од гласовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 13:21