Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Двајца од обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата. Тие за време на полициски час пеш се движеле низ Дебар.Третото обвинето лице спротивно на здравствение прописи, послужувало гости во угостителски објект.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог со кој побарал на сите обвинети да им биде изречена парична казна, во висина од по 10 до 100 дневни глоби. ​



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 13:35