Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

-Обвинетиот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. На критичниот ден тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Обвинетиот возвратил со шест куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи сè уште постојат основите за тоа – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 13:50