Европа мора поцврста, поодржливата, поконкурентна и пообединета да излезе од актуелната криза со новиот коронавирус, истакнаа денеска премиерите на Германија, на Португалија и на Словенија, следните земји кои ќе претседаваат со Европска Унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска одржа видео-конференција со идните претседавачи со ЕУ, премиерите на Португалија и на Словенија, Антонио Коста и Јанез Јанша, за заедничката програма за претседавање, во чиј фокус ќе биде надминување на предизвиците предизвикани од Ковид-19, како и со економската и социјална обнова на Европа.

Целта на заедничката програма е да се зајакне отпорноста на ЕУ на пандемиските кризи.

Германија од 1 јули го презема шестмесечното претседателствување од Хрватска, а на 1 јануари го предава на Португалија, а во јули 2021 година го презема Словенија.

Трите држави во 2007 -2008 година ја формираа првата тројка на претседавачи со ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 14:28