Во изминатото деноноќие за непочитување на уредбата за носење лична заштита, заштитна маска, на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа 50 во Велес, 28 во Кавадарци и 21 во Неготино.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски во период 22/23 јуни 2020 година има 16 новорегистрирани лица со решениe за изолација, и тоа 13 во Велес и три во Неготино, а со изјава за самоизолација има 26 нови лица, 25 во Велес и едно во Неготино.
Вкупно решенија за изолација имаат 141 лице, од кои 92 во Велес, 24 во Кавадарци и 25 во Неготино, а изјава за самоизолација потпишале вкупно 127 лица, од нив 70 во Велес, 45 во Кавадарци и 12 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки.