Војникот Итан Мелцер, 22-годишен припадник на американската војска, е обвинет за терористички активности, откако беше откриено дека планирал напад од заседа, а цел била воена единица во која и самиот служел.

Тој е обвинет за испраќање чувствителни информации за својата единица во организација наречена Ред на девет ангели, која Министерството за правда на САД ја опиша како окултна, неонацистичка и расистичка група на насилни екстремисти.

Според Би-Би-Си, Мелцер планирал тие информации да бидат проследени на на џихадистите, кои потоа, на тлото на странска земја, би ја нападнале единицата.

Меѓутоа, намерите на Мелцер биле спречени од страна на американската војска и Федералното биро за истраги кон крајот на минатиот месец, а неговото апсење дојде на 10 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 01:27