Врвниот британски професор и здравствен експерт, Крис Вит, денеска изјави дека очекува коронавирусот „значително“ да циркулира барем до 2021 година.

-Ќе бидам изненаден и воодушевен ако со оваа сегашна состојба не бидеме до зима или следната пролет, изјави тој на денешната прес-конференција.

Вит додаде дека очекува до тој период коронавирусот, сепак, значително да циркулира и дека е доста оптимистички да се очекува дека науката ќе дојде до напредок во тој период.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 01:50