Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, претседаваше со состанокот на Централната воена комисија, на која беше решено да се прекинат сите планови за воена акција против Јужна Кореја, јави официјалната агенција КЦНА.

Тензиите во односите меѓу двете Кореи од неодамна се зголемени, бидејќи некои групи од Јужна Кореја објавија дека ќе почнат пропагандна кампања за испраќање летоци на север.

Јужнокорејска група испрати 20 огромни балони со 500.000 летоци, 2.000 банкноти од еден долар и мали книги за Северна Кореја од пограничниот град Паџуа до Северна Кореја.

Сеул најави правна постапка против групата поради загрозување на националната безбедност. Министерството за обединување на Јужна Кореја, што се занимава со односите со Северна Кореја, издаде посебно соопштение во кое изрази длабоко жалење поради обидот на Парк да ги пушти летоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 10:00