Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ гледа добра појдовна отстапка во одлуката на техничката Влада, која на поседната седница донесе решение за времено одлагање на одлуките кои, како што укажува, создадоа проблем околу реемитувањето на странските телевизиски канали. Со одлуката Владата го коригираше рокот за пререгистрација на странските канали од првично пропишаните 90 на 150 дена, со што до ноември операторите треба да ги соберат сите неопходни документи за ТВ каналите и да ги регистрираат во АВМУ согласно новите прописи.

Во коментарот на тема „Владини измени на уредбата за медиумски услуги-основа за преговори со операторите“ што го објави денеска ИНЕРКОМ потенцира дека гледа со резерва во однос на правната сила на овој акт, бидејќи, како што наведуваат, претставува измени на Уредба што Уставниот суд веќе ја замрзнал поради поведување постапка за оценка на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во вонредна состојба“.

ИНЕРКОМ иствремено го поздравува решението на Уставниот суд, донесено на седница одржана на 27 мај, а објавено во Службен весник на 22 јуни, со кое, посочуваат, се поведува постапка за оценување, но и се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во вонредна состојба, бидејќи нејзиното извршување би можело да иницира тешко отстранливи последици. Решението е објавено во Службен весник број 196 на 22 јуни.

-ИНРЕКОМ уште еднаш го потенцира фактот дека наметнувањето на одредени обврски, кои ги нема во пракса никаде во Европа, е противуставно и очекува Уставниот суд да ги поништи и останатите спорни одредби, откако за истите се произнесе како надлежен и донел решение за замрзнување. Потсетуваме дека е потребно изнаоѓање на темелно односно системско решение на проблемот, а не негово ставање под тепих со одложувањето на рокот за пререгистрација до ноември годинава, стои меѓу останатото во коментарот кој е достапен на https://inrekom.org.mk/komentar-ustaven-sud-odluka-vlada/



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 13:57