Иран би можел да ги продолжи преговорите со САД доколку Вашингтон се извини за повлекувањето од нуклеарниот договор во 2015 година и ако ја надомести штетата што му ја нанесе на Техеран, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

Во 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор меѓу Иран и шест светски сили. Тој тогаш објасни дека не ја спречувал доволно иранската ракетна програма и регионалното влијание.

На почетокот на јуни, Трамп го повтори повикот на Вашингтон за нов договор со Техеран со кој ќе се воспостави построга контрола врз иранската нуклеарна програма, ќе се суспендира програмата за балистички ракети и ќе се стави крај на децении регионални војни во странски земји.

– Ние немаме ништо против разговорите со САД, но само доколку Вашингтон ги исполни своите обврски од нуклеарниот договор, да се извини и го компензира Техеран за повлекување од договорот од 2015 година, рече Рохани во телевизискиот говор.

– Но, ние знаеме дека тие повици за преговори со Техеран се само празни зборови и лаги, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 13:59