Помеѓу мигрантите кои се во карантин на бродот „Моби Заза“, што е вкотвен во близина на сицилијанското пристаниште Порто Епедокле, 28 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска невладината организација „Си воч“ (Sea Watch).
Мигрантите беа преземени од „Си воч“ во меѓународни води и беа префрлени на бродот „Моби Заза“. На бродот вчера беа тестирани 209 мигранти.
Еден од мигрантите од бродот е префрленм во болница во Калтанисети на Сицилија.