Кандидатите на ЛР (републиканците) за општинските избори во два арондисмани во Париз, побараа под итна постапка од судот да ја испита нелегалната употреба на парламентарни ресурси во корист на кандидатот за ЛЕРМ (Републиката во марш), јави дописникот на МИА.

-Рочиштето ќе се одржи во петок, на 26 јуни, заради итноста на постапка, се вели во соопштението на судот.

Кандидатот ЛР во дванаесеттиот арондисман на Париз, Валери Монтандон, и кандидатот на изборната единица Париз-центар (првите четири арондисмани) Аурелиен Верон, пред неколку дена веќе ја најавија нивната намера да се обратат до финасиското јавно обвинителство, по статијата објавена од „Медијапарт“во киоја се наведуваше дека за пратеничката на ЛЕРМ, Латиција Авија, работеле неколку нејзини парламентарни асистенти за време на кампањата за општинските избори во Париз.

Двајцата кандидати на ЛР побараа назначување на извршител „за да се соберат компјутерските досиеја во постојаната канцеларија на Латиција Авија, кандидат на листата на ЛРЕМ за 12-от париски арондисман. Валери Монтандон и Аурилиен Верон се повикуваат на „наводни прекршувања на одредени одредби од Изборниот законик“, за кои тие веруваат дека „може да доведат до отфрлање на сметките за кампањата на Сандрин Мазетиер“, која ја предводи листата на ЛРЕМ во 12-от арондсиман.

Користење на парламентарни ресурси се „казнува со три години затвор, покрај исплата на парична казна“, тврдат двајцата кандидати на ЛР во соопштението за медиумите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 00:27