Трите кандидатки за градоачалничка на Париз, Ан Идалго (социјалисти), Рашида Дати (Републиканци) и Ањес Бузан (Републиката во Марш) вечерва нема да одат на телевизиската дебата во телевизијата БФМ ТВ, каде има масовен штрајк кај вработените од телевизијата по најавата за укинување на работни места, јави дописникот на МИА.

Телевизијата планираше штрајкувачите да ги замени со хонорарци, за да може да се одржи дебатата, што не беше прифатено од кандидатките.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 00:28