Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека во јуни досега во земјата се изгубени околу 85.000 регистрирани работни места и дека до крајот на месецот вкупниот број на отпуштени работници може да достигне дури 130.000.
Британските медиуми пренесуваат дека мексиканската економија е силно погодена од пандемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на потврдени инфекции и смртни случаи рапидно расте.
Обрадор изјави дека очекува поради економскиот пад предизвикан од пандемијата официјално да бидат изгубени еден милион работни места, а Меѓународниот монетарен фонд денеска процени дека мексиканскиот Бруто домашен производ годинава може да се намали за 10,5 проценти.