Американското правосудство денеска нареди откажување од гонење на поранешниот советник на претседателот на САД, Мајкл Флин, кој призна дека ја лажел федералната полиција за контактите со руски дипломат.

Американскиот Федерален апелациски суд пресуди во корист на републиканската Влада, која во мај ја повлече тужбата против генерал Флин.

Но, опозицијата тоа го оцени како политичко мешање, а судијата Емет Саливан одби веднаш да го затвори случајот. Беше именуван поранешен судија да ги проучи владините мотиви и закажа сослушување, но Апелацискиот суд во Вашингтон му наложи да се откаже.

– Прашањето е дали судија, кога Владата ќе објасни дека кривичното гонење не е повеќе во интерес на јавноса, може да го продолжи случајот со именување на трето лице, поттикнувајќи учество на јавноста и истражувајќи ги владините мотиви. По сите точки, Уставот и преседаните се јасни – не може, се наведува во одлуката на Апелацискиот суд.

Флин, поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, призна дека го лажел ФБИ за своите контакти со Русите, по истрагата што беше посветена за поврзаноста на кампањата на Трамп и Русија. Тој го повлече своето признание на вина во истрагата за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 00:56