САД денеска воведоа санкции против иранските капетани на танкери што превезуваа бензин во Венецуела.

Во изминатиов период пет ирански танкери превезле 1.5 милиони барели ирански бензин за поддршка на, како што се наведува „нелегитимниот режим на Николас Мадуро“.

Капетаните на петте пловила се внесени во списокот лица од особени категории изготвен од Управата за контрола на странски активи (OФАК) на Министерството за финасии на САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 01:08