МВР потврди дека вчера бил извршен претрес во домот на Љупчо Палевски.

- Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 18:15 часот по претходна судска наредба извршиле претрес во хотел во Скопје каде во изолација престојува Љ.П.(56) од Скопје.

Потоа истиот ден во 21:10 часот од полициски службеници од СВР Скопје по претходна судска наредба извршен бил претрес ул.„Киро Крстевски – Платник“ во неговиот дом.

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходно, дел од медиумите пренесоа дека претресот во домот на Палевски бил поради сомнеж дека поседува аудио материјали од прислушуваните разговори кои Зоран Заев пред неколку години ги објавуваше.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 02:19