САД ќе префрлат дел од своите трупи стационирани во Германија, во Полска, нагласи претседателот Доналд Трамп на заедничка прес-конференција во Белата куќа со неговиот полски колега Анджеј Дуда.

Полска „ќе ни плати за да испратиме дополнителни трупи и веројатно ќе ги пренесеме таму од Германија“, изјави Трамп.

Тој додаде дека САД значително ќе го намалат своето воено присуство во Германија и објасни дека некои трупи ќе се вратат дома, а други ќе бидат преместени на друго место, вклучително и во Полска.

Дуда рече дека го замолил Трамп да не ги повлекува американските трупи од Европа за да се зачува безбедноста на континентот. Полскиот претседател додаде дека неговата земја е подготвена да прифати повеќе американски трупи на нејзина територија.

Дуда, кого Трамп го нарече е првиот странски лидер поканет во Белата куќа од воведувањето мерки за изолација поврзани со пандемијата на коронавирус во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 09:58