Претседателот на Франција, Емануел Макрон утре ќе има видео конференција со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.

Макрон и Путин ќе разговараат за „стратешкиот дијалог“ меѓу Франција и Русија, како и за соработка во областа на здравството и за животната средина.

Двајцата лидери предвидено е да дебатираат и за прашања поврзани со Украина,, Либија, Иран и Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 10:41