Гувернерот на Висконсин ја активираше синоќа Националната гарда за заштита на објекти и инфраструктура, по немири, придружени со насилство во средата навечер во Медисон, главен град на таа американска држава.

Немирите избувнаа кога група од 200-300 луѓе се собраа во знак на протест против апсењето на афроамерикански демонстрант.

Толпата го нападна демократскиот сенатор Тим Карпентер, кој со својот телефон ги снимаше протестите, ги искрши прозорците на многу згради, фрлаше запалени шишиња кон зградата на владата и се обиде да пробие во објект каде се локалниот Парламент, суд и администрацијата на гувернерот на Висконсин.

Полициските сили употребија долзавец за да ги растераат демонстрантите кои исто така уништија две статуи.

Гувернерот Тони Еверс рече дека насилството е во спротивност со претходните мирни протести против расната нееднаквост и полициското самоволие.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 10:53