Од најнова анкета на весникот Њујорк тајмс и колеџот Сиена се дознава дека Џозеф Бајден помладиот има 14 процентно водство пред претседателот Доналд Трамп.

Бајден, поранешен потпретседател и сигурен претседателски кандидат од Демократската партија, има голема предност меѓу жените и црномурестите гласачи.Од анкетата се дознава дека неговиот рејтинг е 50 проценти додека на Трамп е 36 проценти. Четиринаесет отсто изјавиле дека поддржуваат други кандидати или нема или не знаат за кого да гласаат.

-Ова е еден од најслабите резултати досега во претседателството на Трамп, посочува весникот.

Поддршката за актуелниот претседател опаѓа откако неговата Администрација не успеа да го запре смртоносниот вирус кој нанесе големи штети врз американската економија, а на бранот протести против расизмот во САД, Трамп одговори со гневни говори и воени закани.

Според анкетата, Бајден води пред Трамп кај Афроамериканските и Јужноамериканските гласачи, жените и помладите генерации, кои сега го избираат Бајден во многу поширока маргина отколку што ја избираа Хилари Клинтон наспроти Трамп во 2016 година.

Поранешниот потпретседател исто така води и меѓу мажите од разни групи како белци, средновечни и повозрасни, кои обично се гласачката база на републиканците со помош на кои Трамп извојува победа на изборите во 2016 година.

Акетата била спроведена од 17 до 22 јуни, испитани се 1.337 регистрирани гласачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 10:55