Поголемиот број од 240 вработени лица во Националната лабораторија на Гватемала се позитивни на новиот коронавирус, изјави гватемалскиот претседател Алехандро Џаматеј.

Тој додаде дека и покрај тоа Лабораторијата продолжува со тестирање на Ковид-19.

Во првите месеци од епидемијата во Гватемала, сите тестови се правеа во Националната лабораторија, но со зголемувањето на бројот на новозаболени лица, Владата дозволи тестирање и во државните болници.

Граѓаните се жалат дека повеќе од една недела чекаат на резултатите од тестовите.

Џаматај претходно изјави дека 158 лица од вработените во Владата се позитивни на Ковид-19.

Во Гватемала вкупно се регистрирани над 14.000 инфицирани со новиот коронавирус, од кои речиси 600 луѓе починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 11:11