Њујорк, Њу Џерси и Конетикат побараа луѓето кои патуваат од држави со висок ризик на Ковид-19, да бидат во самоизолација 14 дена.

Гувернерот на Њу џерси, Фил Марфи изјави дека луѓето трите држави „поминале низ пекол и назад“ и не сакаат „уште еден круг“ од коронавирусот.

Некои јужни и западни држави во САД пријавуваат рекорден број позитивни случаи.

– Во моментов Алабама, Арканзас, Флорида, Северна Каролина, Јужна Каролина, Тексас и Јута имаат зголемен број на позитивни случаи, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Универзитетот во Вашингтон предвидува 180.000 смртни случаи до октомври во САД или 146.000, ако 95 проценти од Американците носат заштитни маски.

Здравствените власти во САД истакнаа дека следните недели ќе бидат клучни за справување со епидемијата.

Досега во САД се регистрирани повеќе од 2,3 милиони позитивни случаи на заразени со новиот коронавирус, а починати се повеќе од 121.000 лица.

Луѓето кои доаѓаат од тие држави – вклучувајќи ги и жителите кои се враќаат во Њујорк, Њу Џерси и Конектикат – ќе бидат замолени да останат во карантин при пристигнувањето 14 дена.

Секој што крши карантин може да добие казна од 1.000 американски долари, што се зголемува на 5.000 долари за второ непочитување.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 12:49