Околу сто деца и воспитувачи во текот на минатата недела се пожалиле на симптоми на труење со храна во една градинка во градот Ансан јужно од Сеул, а една третина од пациентите се хоспитализирани, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Вкупно сто деца и 18 воспитувачи од градинка во градот Ансан покажаа симптоми на труење со храна во периодот од 16 јуни, додека 31 пациент се хоспитализирани, претежно деца, јави агенцијата Јонхап.

Во моментов се спроведуваат дополнителни епидемиолошки испитувања, а се претпоставува дека масовното труење е предизвикано од храна што се служела во градинката.

Властите наредија градинката да биде затворена до крајот на овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 23:53