Меѓународната организација за медиуми „Репортери без граници“ денеска го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата да ја ослободат веднаш и да ги отфрлат сите обвиненија.

Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манас, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во Каиро

„Таа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас.

„Со постојани административни одложувања, властите спречија Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка, соопшти „Репортери без граници“.

Тие ги повикаа египетските власти да престанат со гонење на независните медиуми.

Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 23:56