Тројца мажи се обвинети за убиство на афроамериканецот Ахмауд Арбери во американската држава Џорџија.

Обвинението за убиство против Тревис и Грегори Мекмихаел и Вилијам Роди Брајан вчера го потврди Големата порота.

– Ова е уште еден чекор напред, чекор напред кон правдата за Ахмауд и неговото семејство, рече обвинителката Џојет Холмс откако беше потврдено обвинението.

Ахмауд Арбери беше убиен на 23 февруари додека џогирал на улица.

Притисокот на јавноста за решавање на случајот се засили по смртта на Џорџ Флојд, афроамериканецот кого го уби полицаец за време на апсење во Минеаполис.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 23:58