Според проценки на експерти од американската администрација повеќе од 20 милиони Американци се или би можеле да бидат заразени со коронавирусот или 10 пати повеќе од бројката што во моментов се официјално регистрирана, пишува лондонски Гардијан.
Новите откритија укажуваат на тоа дека голем број луѓе имале или имаат Ковид-19, а немале препознатливи симптоми, тврди Националниот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а врз основа врз серолошките тестови со кои се утврдува присуството на антитела на коронавирусот.
Доколку студијата за ЦДЦ се покаже вистинита, процентот на смртни случаи од Ковид-19 во САД ќе биде помал отколку што претходно се сметаше.
Повеќе од 120.000 луѓе умреа во САД откако во земјата на 11 март беше прогласен пандемијата.