Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера во Никозија изјави дека треба да запре незаконската експлоатација на гас во близина на Кипар.

– Турските незаконски испитувања треба да запрат, напиша Борел на Твитер по средбата со шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис.

Борел и Христодулидис разговараа за „зајакнување на регионалната стабилност“ и за деескалација на тензиите.

– Демаркацијата на ексклузивните економски зони, кои ги Турција, мора да биде спроведена во целосна согласност со меѓународното право и добра волја, како што е предложено од Кипар, истакна Борел.

Додека Христодулидис истакна дека Турција веќе шестипат незаконски ги испитува наоѓалиштата на гас, со што ги крши суверените права на Кипар и продолжува да го дестабилизира регионот.

– На активностите на Турција во морската зона на Кипар не може да се гледа изолирано… тоа е дел од алармантно однесување, посочи Христодулидис.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 13:37