Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Турција.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на земјотресот беше во градот Саруханли, во покраината Маниса, на длабочина од девет километри.
Според дел од турските медиуми земјотресот е почувствувам и во областите Ајдин, Измир и Мугла.
Земјотресот се случи само еден ден откако претходниот во турската источната покраина Ван, на границата со Иран, синоќа беше регистриран потрес со интезитет од 5,5 степени при што се повредени пет лица.
Турција се наоѓа во трустно подрачје, поради што земјотресите се честа појава. Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени во 1999 година загинаа од 17.000 луѓе во северозападниот дел на земјата.