Десетина француски департмани се ставени во метеоролошка претпазливост поради ризик од силно невреме во текот на целиот денешен ден, јави дописникот на МИА.

Покрај силниот дожд, пропратен со силен ветер и на места град, се очекува и силно електрично празнење на атмосферата.

Слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според регистрираните електрични празнења се најде на третото место од почетокот на годината. со вкупно 8.864 громови. Претходно на 3 јуни беа забележани 9.930 удари од грим, а на 9 мај дури 12.304 удари од гром.

Франција во текот на изминатите неколку дена, како и денеска е зафатена од топлотен бран и на многу места максималната температура надмина 30 целзиусови степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 14:58