Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан денеска на Твитер напиша дека имала добар разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Таа истакна дека по изборите во Србија потребен е широ дијалог со сите политички сили за да се постигне напредок во реформите, што се потребни за земјата да се приближи до Европска Унија.

– Дијалогот со Косово е клучен, истакна Фон дер Лајан.

Таа додаде дека ЕК ќе ја поддржи обновата на Србија по пандемијата со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 16:11