Комитетот на министрите на Советот на Европа денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа му ги поднесе двете кандидатури за функцијата помошник генерален секретар на Советот на Европа, јави дописникот на МИА.

Кандидати се Бјорн Берге од Норвешка и Лејла Кавачик од Турција.

Парламентарното собрание на Советот на Европа новиот помошник генерален секертар на најстарата паневропска организација ќе го избере на својата следна пленарна сесија. Пролетната и летната сесија, која требаше да одржи во текот на оваа недела во Стразбур беа одложени поради пандемијата со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 23:09