Шкотската полиција соопшти дека е убиен напаѓач кој предизвикал инцидент во Глазгов во кој се повредени шест лица, меѓу кои и полицаец.

„Полицаецот, кој бил прободен во инцидентот во хотелот „Парк Ин“, каде живеат претежно бегалци, е во стабилна состојба“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа, меѓутоа, наведуваат дека станува збор за посебен инцидент и не постои ризик за пошироката јавност.

Како што пренесуваат странските агенции, нема трага по повеќе осомничени, а сите повредени се во болница. Инцидентот не е окарактеризиран како тероризам.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е „длабоко тажен од грозоморниот инцидент во Глазгов“ и дека неговите мисли се со „жртвите и нивните семејства“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 23:30