Шефот за безбедност на Мексико Сити, Омар Гарсија Харфуч е повреден при обид за атентат рано утрово, кога вооружени напаѓачи упаднале во општината на Ломас де Чапултепек, соопштија властите.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум на Твитер напиша дека Гарсија е надвор од животна опасност, по нападот што се случил околу 6:30 часот, што ги вознемирил жителите на Ломас де Чапултепек.
Таа додаде дека неколку луѓе загинале и дека неколкумина се уапсени.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на прес-конференција рече дека Гарсија е повреден во нападот и дека локалните власти треба да го вратат редот во градот.