Властите во Мјанмар денеска, по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари.
Таа земја одамна е главен извор на нелегално производство и шверц на дрога.
Само во главниот град, Јангон, во спектакуларен оган е запалена голема количина дрога во вредност од 144 милиони долари: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како „ајс“ или „кристална мета“.
Различни видови дрога од десетина тони е запалена и во другите градови на Мјанмар.
Владата и Службата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) соопштија дека во мај има рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња.