Во Полска в недела ќе се одржат претседателски избори, што се сметаат за тест за сегашниот шеф на државата, Анджеј Дуда и владејачката конзервативна Партија на правото и правдата.

Единаесет кандидати учествуваат на изборите, а резултатите се очекуваат в среда. Ако ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 12 јули.

Дуда вети дека доколку победи за втор мандат, ќе работи на зголемување на животниот стандард на Полјаците на ниво на Западна Европа и зачувување на традиционалните вредности.

Најголем ривал на Дуда е градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, кандидат на опозициската центристичка проевропска Граѓанска платформа, кој смета дека изборите се можност за обнова на уставните норми и за подобрување на односите со ЕУ.

Според последните анкети, Дуда (48) има поддршка од 40 проценти од гласачите, додека Трзасковски (48) е поддржан од помалку од 30 проценти од граѓаните.

Политичко ново лице на изборите е независниот кандидат, новинар и ТВ личност Симон Холоуни, кој привлече ентузијасти и ќе освои, според анкетите, околу 10 проценти од гласовите.

Претседателските избори беа закажани за 10 мај, но беа одложени на 28 јуни поради епидемијата на коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 00:05