На 25.06.2020 околу 13:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода З.С.(39) и Д.М.(45) од тетовско Фалише поради постоење основи на сомнение за нивна инволвираност во незаконит лов во атарот на тетовско Ново Село.

Од Д.М. одземена била и ловечка пушка.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 00:33