На 26.06.2020 во 02:00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип пријавила дека околу 01:00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип.
Се работи на расчистување на случајот.