На 25.06.2020 година околу 11:00 часот, кај месноста „Мелнички мост“ на брегот на Дебарското езеро, во извршување на казненото дело „незаконит риболов“, затекнати биле С.К.(70) од Скопје и И.Ц.(67) од Дебар.

Притоа, полициските службеници во нивниот чамец пронашле една рибарска мрежа во должина од десет метри и пет парчиња уловена риба. Предметите се одземени а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(33) и Ј.П.(24), двајцата од охридското село Пештани.

На 04.02.2020 во 18:00 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското езеро, а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба пастрмка во вкупна тежина од 29 килограми.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 01:06