На 26.06.2020 во 00:20 часот во Полициска станица Центар, Ф.И. од Скопје, пријавил дека на 25.06.2020 околу 23:40 часот на ул.„Аминта Трети“ и Кеј „13-ти Ноември“, во близина на „Скејт парк“ во Скопје, непознато лице со закана со нож извршило разбојништво над неговиот 17 годишен син, при што му го одзел велосипедот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.