Американскиот блогер Ливај Стал е убеден дека славниот емотикон првпат бил користен уште во 17 век.
До сега се веруваше дека овој насмеан знак, кој се состои од две точки, цртичка и затворена заграда, беше измислен од професорот Скот Фалман од универзитетот Камеги Мелон во Питсбург во 1982 година.
Стал тврди дека смајлито е многу постар знак и првпат се појавува во песната „The Fortune“ од 1648 година на англискиот поет Роберт Херик.
Во еден од стиховите на Херик, знакот „:)“ се појавува веднаш до зборот „уште се смешка“. Отпрвин, Ливај Стал мислеше дека станува збор за грешка, но откако анализирал и други изданија, сфатил дека смајлито секогаш се појавувало на истото место во песната.
Според професорот Алан Џacејкобс, од универзитетот Бајлор во Тексас, нема сомнение дека ова било грешка, бидејќи заградите ретко се користеле во 17-от век. Според него, тие веројатно биле додадени од некои современи издавачи.