Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра.

На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра.

Годинешниот список на 100 најбогати Австријци го предводат семејствата Порше и Пих, чие богатство се проценува на 34,8 милијарди евра. Тие изгубија 2,2 милијарди евра во однос на минатата година.

Основачот на Ред Бул – Дитрих Матешиц е веднаш зад нив со имот од 14,7 милијарди евра. Тој пак, претрпе загуба од околу милијарда евра.

Слични загуби претрпеа и другите 100 најбогати Австријци.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 10:37